Огромен леден блок се откина во Гренланд

Се откина еден од најголемиот арктички глечер

Ледениот блок што се откина е со големина од 113 квадратни километри, а сателитските снимки покажуваат дека тој започнал да се распаѓа на помали парчиња.

Поголем од површината на Париз, се откина од најголемиот арктички глечер, Ниогалвфјердсфјорден, на североистокот на Гренланд, поради, како што велат научниците, рапидниот пораст на просечните температури во областа.

„Сведоци сме на брз пораст на просечната температура во оваа најголема преостаната област под мраз, и таа се искачи за три степени од 1980 година“, изјави за AFP Џејсон Бокс.

„Во текот на 2019 и 2020 година, научниците забележаа рекордно високи летни температури таму, кои несомнено придонесуваат за забрзување на глобалното покачување на нивото на морето“, рече Бокс.

Топењето на ледената плоча на Гренланд придонесе за пораст на нивото на морето од 1,1 сантиметар помеѓу 1992 и 2018 година.

Неодамнешна студија на универзитетот Линколн во Англија предвидува дека топењето на мразот на Гренланд до 2100 година може да го подигне нивото на морето за 10 до 12 сантиметри.

Глечерот Ниогалвфјердсфјорден е долг 80 километри и широк 20 километри и претставува пловечки леденик на североисточниот леден поток на Гренланд.

Во еден дел се разгранува на два дела, од кои помалиот се движи кон север. Тоа е глечерот Спалта, кој се распадна и се претвори во мноштво санти мраз.

Мразот веќе беше сериозно оштетен минатата година, а во текот на ова лето високите температури му зададоа последен удар.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *