САД ќе го забрани TikTok

Трамп најави дека ќе го забрани TikTok во САД

Апликацијата беше под истрага од страна на американската агенција надлежна да се осигура дека странските инвестиции не претставуваат закана за националната безбедност.

Aмериканските власти изразија страв во последните неколку недели дека Пекинг би можел да го искористи за да им наштети на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја забрани апликацијата за споделување видео TikTok во САД, за која Вашингтон се сомнева дека ја користи кинеската разузнавачка служба.

„Што се однесува до TikTok, ние ќе го забраниме во САД“, рече Трамп пред новинарите во петокот вечер.

Џејмс Луис, шеф на програмата за технолошка политика во Центарот за стратешки и меѓународни студии, оцени дека безбедносната закана од TikTok е скоро „нула“.

Сепак, тој додаде дека се чини дека компанијата ByteDance, која е сопственик на таа апликација, е под притисок од Пекинг.

Оваа социјална мрежа е спорна и надвор од САД. Во Индија, TikTok е блокиран од 30 јуни и наведува 59 кинески апликации блокирани за да се обезбеди „безбедност и суверенитет на сајбер-просторот“, а Пакистан неодамна бараше администрацијата на TikTok да ги блокира сите „неморални, непристојни и вулгарни“ содржини.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments