Пакистан ги блокира апликациите за запознавање

Пакистан блокира пет апликации за наоѓање партнери

Државното тело за надзор над телекомуникациите вчера соопшти дека го блокира пристапот до Tinder, Tagged, Skout, Grindr и SayHi затоа што наведените апликации не се во согласност со локалните закони.

Tinder и Grindr се популарни во САД и другите западни земји, но не толку во конзервативниот, религиозен Пакистан. Во последните 12 месеци, Tinder е симнат 440 000 пати во Пакистан и 13 милиони пати во САД.

Пакистанскиот орган за телекомуникации објави дека ги известил компаниите да ги отстранат услугите за запознавање, но дека тие не реагирале на време и затоа биле блокирани.

Менаџментот изјави дека апликациите можат да се деблокираат ако започнат да се придржуваат до локалните закони и да ја намалат непристојната и неморална содржина.

Пакистанскиот орган за телекомуникации се закани и дека ќе го блокира TikTok, популарна апликација за споделување видео содржини.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *