Facebook ги спои разговорите на Messenger и Instagram

Facebook исто така веќе откри планови за спојување на Messenger, WhatsApp и Instagram

Компанијата поседува некои од најпопуларните мобилни апликации во индустријата. Facebook исто така веќе откри планови за спојување на Messenger, WhatsApp и Instagram во заедничка платформа.

Таквата миграција е поврзана со сериозни технолошки бариери и ќе трае долго.

Сепак, проектот постепено почнува да добива реални димензии. Главниот оперативен директор на Facebook, Шерил Сандберг, официјално ја претстави новата апликација на компанијата наречена Facebook Business Suite.

Како што сугерира името, овој софтвер е дизајниран за мали бизниси и ќе им овозможи да ги видат своите пораки во сандаче.

На овој начин тие ќе можат од едно место да ги видат работите што ги добиваат на нивните сметки на Facebook, Messenger и Instagram, што е доста корисно и ќе заштеди драгоцено време во повратните информации од клиентите.

Другата голема предност на мобилната апликација е тоа што ќе им овозможи на малите бизниси да објавуваат и на Facebook и Instagram.

Статистиката ќе открие повеќе за ефективноста на рекламните кампањи на секоја компанија.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.