Twitter со нов пропуст што им се заканува на Android корисници

Само неколку недели откако доживеаја сериозен хакерски напад

Само неколку недели откако доживеаја сериозен хакерски напад кој откри дека нивните вработени се најслабата алка во осигурувањето, објавена е уште една, не толку добра вест, од Twitter.

Имено, тие најавија дека постои безбедносен пропуст што може потенцијално да ги изложи приватните податоци на некои корисници на Android.

Поточно, апликациите од трети лица може да ги заобиколат правилата за безбедност на Android преку апликацијата Twitter и да гледаат приватни пораки што корисниците ги размениле со други корисници на Twitter.

Исто така истакнаа дека досега немаат доказ дека тоа навистина се случило.

Безбедносната маана е веќе решена за корисниците кои користат верзии 8 и 9 на Android, што би значело дека 96 проценти од корисниците на Twitter се заштитени.

Другите 4 проценти треба да ги ажурираат своите апликации за паметни телефони што е можно поскоро.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *