Twitter сака да го купи TikTok

Twitter се обрати до кинеската компанија ByteDance

Twitter се обрати до кинеската компанија ByteDance која ја поседува апликацијата TikTok и изрази заинтересираност за преземање на американските операции на апликацијата.

Веста дека Twitter и TikTok се во прелиминарни разговори и дека Microsoft и понатаму води во трката за преземање на американските операции на оваа апликација, прв ја објави Wall Street Journal.

„На Twitter ќе му биде тешко да собере доволно финансиски средства за да земе барем американските акции на TikTok. Нема доволно капацитет“, смета Ерик Гордон, професор на Универзитетот во Мичиген. Според него, ако Twitter се обиде да состави група инвеститори, условите ќе бидат многу тешки.

Twitter има пазарна вредност од околу 30 милијарди долари, што е речиси идентична вредност со проценетата вредност на активата на TikTok што треба да биде преземена.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.